Почеток: 01-11-2019
Крај: 30-06-2021
Програма: Еразмус+
Клучна акција: Соработка за иновации и размена на добри практики
Вид на акција: Стратешки партнерства за стручно образование и обука
а) Адаптација на постоечки материјали за обука за МКФ кон потребите на стручните лица кои работат со децата во првите 1000 дена од нивниот живот, како и со нивните семејства.
б) Зголемување на квалитетот на процесите за соработка преку вклучување на заеднички јазик и придржување до тековните социо-политички процеси.
Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), создадена од страна на Светската здравствена организација (СЗО) во 2001 година, претставува систем за опишување на способностите и ограничувањата на едно лице со здравствен проблем. Како дел од семејството на класификации на СЗО, МКФ нуди нов пристап кон човекот и неговата здравствена состојба насочен кон способност. Врз основа на приближно 1.400 кодови, оваа класификација дава една холистичка слика за раните здравствени и образовни процеси на децата со пречки во развојот. МКФ помага да се зголеми квалитетот на процесите на образованието и негата во раното детство (ECEC) во рамките на глобалните стратегии за „нега и грижа“ – обединувајќи ги здравјето, исхраната, раното учење, емпатијата на родители и безбедноста. Другите системи (МКБ 10) се фокусираат на индивидуалните дефицити и имаат тенденција да се потпираат врз медицинското разбирање на попреченоста. МКФ како светски признат мета-јазик ја обезбедува оваа неопходна заедничка основа за комуникација помеѓу различните сектори - образованието (јаслите), здравството и другите инволвирани стручни лица и го зголемува квалитетот на услугите за рана поддршка со оглед на тоа дека сите вклучени групи во рамките на еден тим (вклучувајќи ги и родителите) користат една терминологија. Ова учество на сите вклучени стручни лица ја зголемува посветеноста и учеството во рамките на процесите за поддршка за децата со пречки во развојот. Претходните ЕУ-проекти кои се темелеа на МКФ се фокусираа на подигањето на свеста и на создавањето на модули за обука за стручните лица вклучени во предучилишната возраст (www.icf-training.eu) и за стручните лица вклучени во медицинската нега (www.icfcy-meduse.eu).
ИП 1 – Првиот интелектуален продукт на проектот претставува збир на модули за обука за Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), адаптирани посебно за потребите на медицинските сестри, стручните лица за пружање на рана поддршка и за стручните лица во градинките кои работат со бебиња и мали деца, а врз основа на постоечки материјали. Ќе бидат земени предвид спецификите поврзани со возраста на децата, врската помеѓу здравјето, воспитувањето, односно родителската сензитивност, и социјалниот аспект, особено во ситуациите кога во овие рани фази на развојот не е поставена дијагноза. Модулите се изработени на македонски, германски, турски и англиски јазик.
ИП 2 – Вториот интелектуален продукт на проектот е „Кус водич низ МКФ“ за стручните лица (во однос на избраните важни кодови), со цел сите релевантни стручни лица да се запознаат со МКФ и да можат да ја користат во секојдневниот живот. Водичот треба да придонесе до поголемо разбирање помеѓу стручните лица и родителите во процесите за поддршка на малите деца со потешкотии во развојот. Водичот е изработен на македонски, германски, турски и англиски јазик.
За повеќе информации во однос на интелектуалните трудови, посетете го делот со наслов “Продукти“ на оваа веб-страница.
"Образование за Сите"- Скопје
Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија
Medical School Hamburg (Research Institute in DE)
Dr. Pretis (SME in AT)
Dr. Dudu Melek Sabuncuoglu (SME in TR)