Медицинскиот факултет Хамбург - Универзитет за применети науки и Медицински универзитет (The MSH Medical School Hamburg – University of Applied Sciences and Medical University) е приватен универзитет во Хамбург, со седиште во Хафен Сити. Основан е во 2009 година од страна на управниот директор Илона Ренкен-Олтоф, а со работа започна во 2010 година, со шест предмети. Оттогаш, опсегот на предмети значително се прошири и денес вклучува голем број на предмети на додипломски и магистерски студии.
Универзитетот се состои два факултета: Факултетот за здравствени науки и Факултетот за хумани науки и опфаќа широк спектар на теми за истражување.
За да се определат теми за истражување и да се работи на важни тематски области во иднина, воведен е кластер на истражување. Еден од тие истражувачки кластери е кластерот: Меѓународна класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) - Користење и имплементација. Целта на овој кластер е да се испита употребата и имплементацијата на МКФ во Германија.
Сите пристапи кон истражувањата се во согласност со целите на СЗО. MSH веќе ја вклучи МКФ-ДМ во наставните програми за обука на ниво на додипломски студии и ја организираше 2-рата (2014) и 6-тата (2018) Конференција за МКФ-ДМ (ICF-CY AnwenderInnenkonferenz) во Германија.
Претходно спроведени проекти на тема МКФ:
www.icf-school.eu
www.icfcy-meduse.eu
www.early–inclusion.eu
Одговорно лице
м-р Катерина Тодорова
М-р Катерина Тодорова работи како асистент на истражувања и е докторанд на Медицинскиот факултет Хамбург. Таа е оперативен менаџер на активностите во проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ во Хамбург.