Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија. Оваа публикација ги одразува само ставовите на авторите и Комисијата не може да се смета за одговорна за било каква употреба што може да биде направена од информациите што се содржат во истата.

Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ Скопје

Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ Скопје

    www.educationforall.org.mk

    Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ Скопје е здружение на граѓани со седиште во Општина Центар, Скопје. Здружението работи во насока на подобрување на образовната, културната и спортската клима во РС Македонија и пошироко и придонесува кон обезбедувањето на еднаков пристап до квалитетно образование, културни и спортски активности за сите подеднакво. Здружението се залага за целосна инклузија во образовниот систем преку подигање на свеста за оваа проблематика, како и овозможување на обуки за професионалниот кадар, родителите и децата од ранливите категории за создавање на услови за инклузија.

    Како партнер, Здружението работи и на KA2 Erasmus + проект во рамки на Клучната акција 2 на програмата Еразмус+ за вклучување на децата со посебни потреби во образованието (www.icf-school.eu). Претходно, „Образование за сите“ претставуваше дисеминациски партнер во три проекти на Еразмус+ програмата на тема лица со попреченост и инклузија користејќи ја Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) како алатка за поддршка (ICF-CY Meduse: www .icfcy-meduse.eu, Early Inclusion: www.early-inclusive.eu и Let’s Try ICT: www.letstry-ict.eu.)

    Одговорно лице:

    м-р Розита Петринска-Лабудовиќ, претседател на Здружението и член на Извршниот одбор