Вториот состанок на конзорциумот, првично планиран да се одржи во Хамбург, Германија, беше организиран виртуелно. Пандемијата влијаеше на начинот на одржување на состанокот, но не и на неговиот квалитет. Координаторот на проектот и претседател на „Образование за сите“, м-р Розита Петринска-Лабудовиќ, сподели информации за напредокот на проектот, особено во врска со управувањето и спроведувањето на проектот, а партнерите известија за своите активности и прогресот на планираните интелектуални трудови. Проф. д-р Претис од Австрија презентираше за ЕКВЕТ и Европската рамка за квалитет и нивната поврзаност со проектот. Беа донесени сите потребни одлуки во врска со продутите и сите партнери изразија подготвеност да продолжат да работат добро и посветено.