Еразмус+ проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ и официјално започна! Првиот состанок на партнерите во проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ се одржа во Скопје на 11 и 12 ноември 2019 година, во ИНОФЕИТ центарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Откако претставниците на партнерите во проектот се претставија и ги претставија своите институции, координаторот детално ја објасни временската рамка на проектот и ги потсети партнерите за предвидените работни пакети и активностите кои тие ги вклучуваат. Во многу конструктивна работна атмосфера, се поделија задачите за следните месеци, во согласност со планот за работа. Сите партнерите со голем ентузијазам започнаа со работа на проектот!