Четвртиот и последен состанок на партнерите на конзорциумот во проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ се одржа на 5-ти и 6-ти април 2021 година во Скопје, во согласност со планираното. Партнерите дискутираа за постигнатите резултати, се осврнаа на завршените активности и разговараа за идната стратегија за интегрирање и одржливоста на проектот. Како што се приближува крајот на проектот, партнерите изразија големо задоволство од текот и развојот на проектот, како и од меѓусебната соработка. Партнерите работеа вредно и се подготвени за надградување на резултатите во иднина.