Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија. Оваа публикација ги одразува само ставовите на авторите и Комисијата не може да се смета за одговорна за било каква употреба што може да биде направена од информациите што се содржат во истата.

Модул 1

Филозофијата на МКФ

Видео

Модул 2

Структурата на МКФ

Модул 3

Кодирање во МКФ

М4

Модул 4

МКФ во пракса

Добредојдовте на веб-страницата на проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“!

„Заеднички јазик за првите 1000 дена“ е проект од програмата Еразмус+ на ЕУ, Клучна акција 2, кој ја претставува и воведува Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје – МКФ (СЗО, 2001) како алатка за подобрување на комуникацијата и координацијата помеѓу членовите на тимот околу детето во првите 1000 дена од неговиот живот. Акушерки, медицински сестри, воспитувачки во градинки, специјалисти по рана интервенција и рана поддршка, педијатри и сл. можат да ги користат продуктите од проектот за планирање на потребните мерки за поддршка на бебињата и децата (0 - 3 години) користејќи ЗАЕДНИЧКИ јазик со родителите. Проектниот конзорциум составен од 5 партнери го координира Здружението „Образование за сите“ Скопје, а вклучува партнери од С. Македонија (Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на РМ), Австрија (Др. Претис), Германија (Медицински факултет Хамбург) и Турција (Дуду Мелек Сабунчуоглу). „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ ќе трае од 1-ви ноември 2019 година до 30-ти јуни 2021 година.

П1

Модули за обука за МКФ

Модули за обука на темата МКФ, на македонски, германски, англиски и турски јазик, ќе бидат создадени специјално за потребите на медицинските сестри, стручните лица за пружање на рана поддршка и за стручните лица во градинките кои работат со бебиња и мали деца, а врз основа на постоечки материјали. Во оваа адаптирано издание, ќе бидат земени предвид спецификите поврзани со возраста на децата, врската помеѓу здравјето, воспитувањето, односно родителската сензитивност, и социјалниот аспект, особено во ситуациите кога во овие рани фази на развојот не е поставена дијагноза.

П2

Кус водич низ МКФ за стручните лица

Кусиот водич ќе ги адресира избраните важни кодови, а ќе има за цел да осигура дека сите релевантни стручни лица се запознаени со МКФ и дека можат да ја користат во секојдневниот живот. Водичот треба да придонесе до поголемо разбирање помеѓу стручните лица и родителите во процесите за поддршка на малите деца со потешкотии во развојот.