Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија. Оваа публикација ги одразува само ставовите на авторите и Комисијата не може да се смета за одговорна за било каква употреба што може да биде направена од информациите што се содржат во истата.

Преглед

„Заеднички јазик за првите 1000 дена“

    Почеток: 01-11-2019

    Крај: 30-06-2021

    Програма: Еразмус+

    Клучна акција: Соработка за иновации и размена на добри практики

    Вид на акција: Стратешки партнерства за стручно образование и обука

„Заеднички јазик за првите 1000 дена“ е проект во рамките на Клучната акција 2 на програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Овој проект ја третира проблематиката на користењето на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), создадена од Светската здравствена организација, како алатка за подобрување на комуникацијата помеѓу различните стручни лица вклучени во првите 1000 дена од животот на детето и промовирање на раната детекција на попреченостите. Врз основа на тоа, целта на проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ е да го зголеми нивото на знаење и да ги подобри вештините на стручните лица од повеќе дисциплини вклучени во овој ран период од животот на децата, и тоа преку:

    а) Адаптација на постоечки материјали за обука за МКФ кон потребите на стручните лица кои работат со децата во првите 1000 дена од нивниот живот, како и со нивните семејства.

    б) Зголемување на квалитетот на процесите за соработка преку вклучување на заеднички јазик и придржување до тековните социо-политички процеси.

Основа

    Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), создадена од страна на Светската здравствена организација (СЗО) во 2001 година, претставува систем за опишување на способностите и ограничувањата на едно лице со здравствен проблем. Како дел од семејството на класификации на СЗО, МКФ нуди нов пристап кон човекот и неговата здравствена состојба насочен кон способност. Врз основа на приближно 1.400 кодови, оваа класификација дава една холистичка слика за раните здравствени и образовни процеси на децата со пречки во развојот. МКФ помага да се зголеми квалитетот на процесите на образованието и негата во раното детство (ECEC) во рамките на глобалните стратегии за „нега и грижа“ – обединувајќи ги здравјето, исхраната, раното учење, емпатијата на родители и безбедноста. Другите системи (МКБ 10) се фокусираат на индивидуалните дефицити и имаат тенденција да се потпираат врз медицинското разбирање на попреченоста. МКФ како светски признат мета-јазик ја обезбедува оваа неопходна заедничка основа за комуникација помеѓу различните сектори - образованието (јаслите), здравството и другите инволвирани стручни лица и го зголемува квалитетот на услугите за рана поддршка со оглед на тоа дека сите вклучени групи во рамките на еден тим (вклучувајќи ги и родителите) користат една терминологија. Ова учество на сите вклучени стручни лица ја зголемува посветеноста и учеството во рамките на процесите за поддршка за децата со пречки во развојот. Претходните ЕУ-проекти кои се темелеа на МКФ се фокусираа на подигањето на свеста и на создавањето на модули за обука за стручните лица вклучени во предучилишната возраст (www.icf-training.eu) и за стручните лица вклучени во медицинската нега (www.icfcy-meduse.eu).

Интелектуални трудови
    Проектот „Заеднички јазик за првите 1000 дена“ предвидува изработка на два главни интелектуални продукта:

    ИП 1 – Првиот интелектуален продукт на проектот претставува збир на модули за обука за Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), адаптирани посебно за потребите на медицинските сестри, стручните лица за пружање на рана поддршка и за стручните лица во градинките кои работат со бебиња и мали деца, а врз основа на постоечки материјали. Ќе бидат земени предвид спецификите поврзани со возраста на децата, врската помеѓу здравјето, воспитувањето, односно родителската сензитивност, и социјалниот аспект, особено во ситуациите кога во овие рани фази на развојот не е поставена дијагноза. Модулите се изработени на македонски, германски, турски и англиски јазик.

    ИП 2 – Вториот интелектуален продукт на проектот е „Кус водич низ МКФ“ за стручните лица (во однос на избраните важни кодови), со цел сите релевантни стручни лица да се запознаат со МКФ и да можат да ја користат во секојдневниот живот. Водичот треба да придонесе до поголемо разбирање помеѓу стручните лица и родителите во процесите за поддршка на малите деца со потешкотии во развојот. Водичот е изработен на македонски, германски, турски и англиски јазик.

    За повеќе информации во однос на интелектуалните трудови, посетете го делот со наслов “Продукти“ на оваа веб-страница.

Партнери во проектот

    "Образование за Сите"- Скопје

    Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија

    Medical School Hamburg (Research Institute in DE)

    Dr. Pretis (SME in AT)

    Dr. Dudu Melek Sabuncuoglu (SME in TR)