Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија. Оваа публикација ги одразува само ставовите на авторите и Комисијата не може да се смета за одговорна за било каква употреба што може да биде направена од информациите што се содржат во истата.

Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија

Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија (ЗМСТАМ)

    Националното Здружение на Медицински Сестри, Техничари и Акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) е професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринството, промовира добра пракса и има за цел да придонесе во обликувањето на здравствените политики. ЗМСТАМ, со седиште во Скопје, е најсилниот глас на сестринската професија.

    Посветени да обезбедат соодветен сестрински и акушерски персонал со добри клинички вештини и образование, ЗМСТАМ е посветена да ги застапува интересите на сестрите и акушерките, како и на пациентите. ЗМСТАМ се залага за високи стандарди на сестринска и акушерска пракса, унапредување на положбата на сестрите и акушерките на нивното работно место, проектирање на позитивен и реалистичен поглед на сестринството и со лобирање во Парламентот и во ресорните министерства во врска со здравствени прашања кои имаат влијание врз сестрите, акушерките и целокупната јавност.

    ЗМСТАМ е во предните редови на политичките иницијативи кои се однесуваат на реформите во здравствената заштита. Помеѓу приоритетните прашања се: донесување на Закон за здравствена и акушерска нега; признавање и вреднување на високото образование на сестри и акушерки, како и нивните специјализации вградени во колективниот договор, во согласност со Конвенцијата 149 на Меѓународната организација на трудот; воведување менторство во сестринската пракса; валоризација на искуството на сестрите со средна стручна подготовка, а кои имаат повеќегодишно специјализирано искуство на работното место; да се зголеми улогата на патронажните сестри во пружањето здравствена нега во заедницата и проширување на нивната улога во пружање на базична и примарна здравствена заштита.

    Мисија и цели

    • Да се сочува достоинството на луѓето како човечки суштества,

    • Да се задоволат универзалните потреби на луѓето да го зачуваат доброто здравје и среќа, и

    • Да придонесе кон тоа луѓето да водат здрав животен стил

    Одговорно лице:

    Велка Лукиќ, претседател на Здружението